Фудбалерите на Гостивар, попладнево во Болу (Турција) одиграа пријателски натпревар против составот на Газијантеп, член на турската Супер лига со резултат 1:1. Гостиварци водеа со голот на Пепи Ѓорѓиев, постигнат во 54.минута, додека Газијантеп успеал да израмни во 81.минута.
Ова беше една од оние контролни или пријателски мечеви на кои гостиварци ја темпираат формата во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ.