Распродадено: Струга ТЛ ги продаде сите влезници за утрешниот дуел со Жалгирис! (ФОТО)

1660

Нема веќе влезници да се купат за утрешниот реванш меѓу Струга ТЛ и Жалгирис, од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.Ова вечерва го кажуваат од таборот на нашиот шампион. Имено сите предвидени влезници, 1.500 кои чинеа по 1.200 денари се распродадени. Инаку толку влезници беа пуштени во продажба поради барањето на УЕФА со оглед дека се игра на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид и дека ќе биде пуштена во употреба само новата трибина.

May be an image of ‎crowd and ‎text that says '‎UEFA CHAMPIONS LEAGUE FIRST QUALIFIYNG ROUND STRUGA ALGIRIS لا 20 UEFA AMPI AGU TRIM FC SOL S TRUO RU ZALG ISV NIUS 18.07.2023 17:00 BILJANINI IZVORI OHRID UEFA Le gualifying round Trim Lum Ohrid 18.07.2023 EMPIRE BAR #forcaStruga MKTICKETS.MK #WeAreStrgua‎'‎‎

Да споменеме дека билетите се продаваа онлајн, но можеа да се набават и во „Емпире“ барот во Струга. Со секој билет следуваше подарок маичка и билет со кој може да се следат сите мечеви на шампионот во ПМФЛ во есенскиот дел.

По ова клубот јавно им се заблагодари на сите фанови за поддршката и купените билети.

Да потсетиме, утрешниот реванш меѓу Струга ТЛ и Жалгирис почнува од 17 часот.  Првиот дуел заврши со резултат 0:0.

ПретходноЈа покри „Северна“ на дресот, за него постои само Македонија (ВИДЕО)
СледноВоска во пријателски натпревар поразена од Скендербег