Сензационална вест доаѓа денеска од Италија. Имено порталот “Калчомеркато“ лиферува вест дека во сезоната 2024/25 во УЕФА Лигата на Шампионите ќе играат и две екипи од С. Арабија. Па така постои голема шанса, Кристијано Роналдо со својот Ал Наср да настапува во најквалитетнот клупско натпреварување во Европа и во светот.
УЕФА ја разгледува оваа можност, и веројатно ќе прифати во сезоната 2024/25, место 36 клубови, според новиот формат, да играат 38.
Тие две екипи од С.Арабија би играле во ЛШ по пат на донивање на вајлд карти. Ова значи дека УЕФА не сака да ја пропушти можноста одново да го види Роналдо во ЛШ поради својата популарност.