Стефан Ел Шарави и официјално ја продолжи својата соработка со тимот на Рома до 2025 година.
Поранешниот италијански репрезентативец моментално го одработува вториот мандат во Рим. Првата му беше помеѓу 2016 и 2019 година, додека во 2021 година се врати во римскиот клуб како слободен играч.
Вкупно за „Џалоросите“ 30.годишниот играч има 231 натпревар со 58 гола и 32 асистенции, со што е 19-ти најдобар стрелец во нивната историја. Тој беше дел и од составот кој пред една година триумфираше во Конференциската лига.