Турција за првпат ја освои Светската Лига на нации

189

Женската одбојкарска репрезентација на Турција, за првпат во својата историја ја освои силата Светска лига на нации. Во големото финале одиграно доцна синоќа, турските одбојкарки ја победија селекцијата на Кина со 3-1 (25:22, 22:25, 25:19, 25:16). Завршницата на годинешното издание на Лигата на нации се одржа во Арлингтон (Тексас, САД).

Бронзените медали на турнирот ги освои селекцијата на Полска која во мечот за третото место ја совлада репрезентацијата на САД со 3-2 (25:15, 16:25, 25:19, 18:5, 17:15).

ПретходноИталија е нов европски првак до 19 години
СледноТурција и Косово со златото на БП во одбојка на песок (У22) во Штип