Хансен ја преброде кризата – се враќа на ракометот!

404

Микел Хансе по долга пауза, поточно по завршување на Светското првенство одлучи да се повлече од терените и да направи пауза. Причината за ваквиот потег на еден од најдобрите ракометари на денешницата беше стресот, кој го натера Хансен да ја прекине кариерата.

Алборг денеска ги израдува своите фанови, најави дека на подготовките закажани за во четврток ќе се појави и данскиот репрезентативец.

Хансен се чувствува одлично, и физички и ментално, па ќе биде во можност да продолжи да го прави она што го сака, а тоа е играње на ракомет.

Инаку, Алборг е еден од противниците на Пелистер во групната фаза во Лигата на шампиони, овој тим ќе биде домаќин на македонскиот првак во второто коло, додека мечот во Битола е закажан за 28 февруари следната година.

ПретходноВоска во пријателски натпревар поразена од Скендербег
СледноРоналдо го „пецна“ Меси: Лигата во С.Арабија е подобра од МЛС!