Хаос: Партизан бара Ц.Звезда да биде исфрлена од АБА-лига!

582

Хаосот во АБА-лига продолжува. Пред стартот на новата сезона се појави нов проблем во регионалната кошарка. На бурната седница на Собранието на АБА лигата Партизан побарал Црвена звезда да биде исфрлена од ова натпреварување.

Наводно, црно-белите се меѓу групата тимови кои побарале црвено-белите да бидат исфрлени од натпреварувањето, а причината за тоа е „непочитувањето на социјалниот договор на лигата“.

Според информациите кои кружат, Црвена звезда е единствената екипа која не сака да даде согласност Студентскиот центар Дерби да стане еден од ко-сопствениците на лигата, исто како и останатите клубови учесници во АБА лигата.

Засега нема официјална реакција од лигата, но и од клубовите кои се споменуваат во овој скандал, останува да се види како би можела да се реши целата ситуација. АБА лигата се уште го нема објавено натпреварувачкиот календар за следната сезона.

ПретходноШпетим Дуро: Не “летаме“, нема еуфорија пред утрешниот реванш со Жалгирис, има максимална посветеност!
СледноЛовќен не застанува: По Радовиќ, следен за потпис е Борозан!