Шпетим Дуро: Не “летаме“, нема еуфорија пред утрешниот реванш со Жалгирис, има максимална посветеност!

187

Струга ТЛ утре на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, ќе го одигра реваншот против Жалгирис од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Првиот меч во Вилнус заврши 0:0, па ета ја шансата стружани да дојдат до следната фаза.

Попладнев во Охрид, прес имаше стратегот на нашиот шампион Шпетим Дуро, кој за утрешниот меч истакна:

На првиот меч имавме добар настап, можам да кажам дека и резултатот е добар, иако имавме шанси и да победиме. Јас во неколку наврати повторувам дека патникот во следната фаза ќе се решава во Охрид, и сега се е отворено“ посочи Дуро.

И покрај тие 0:0 од Вилнус, Дуро и тоа како го респектира противникот:

Ние како тим не летаме многу во облаци, дури сме скромни, и тоа сите во клубот, и покрај тие 0:0 од првиот меч. Свесни сме дека, како што реков се е отворено. Нема доза на еуфорија, има максимална посветеност. Знаеме со какво искуство на вакви мечеви доаѓа клубот од Литванија. Ова е еден натшревар кој треба да се одигра, да се извлече максимумот. Во текот на изминатата недела работевме напорно, не размислувавме премногу на тоа што беше во Вилнус. Ова ќе биде некоја друга приказна“.

За тоа дали Жалгирис сеуште е фаворит, стратегот на стружано посочи:
“Секако. Тоа го кажувам постојано. Жалгирис поради многу фактори е пред нас. Поради искуството, буџетот кој е многу поголем од нашиот, потоа играње во Лигата на Конференции, елиминирање на еден Малме. Но, во фудбалот сето тоа нема разлика на теренот, тоа се виде на првиот меч. Се надевам дека така ќе биде и на утрешниот меч“.

Дуро не крие дека на неговите момци им е потребна поддршката од трибините:
„Се надевам дека стадионот ќе биде добро пополнет, колку што дозволуваат прописите. Очекувам поддршка од трибините за играчите на Струга“ заврши Шпетим Дуро.

ПретходноВимблдон го казни Новак Ѓоковиќ
СледноХаос: Партизан бара Ц.Звезда да биде исфрлена од АБА-лига!