Борко Ристовски со нова улога во Вардар 1961?

5012

Екипата на Вардар 1961 во новата сезона ќе стартува со бројни промени, играчки и раководни. Од таборот на „црвено-црните“ засега нема ниту една официјална информација околку плановите и потенцијалните засилувања, во јавноста кружат имиња, но истите засега не се потврдени.

Двократниот освојувач на европската круна се ќе каже во среда за кога закажа прес-конференција на која ќе бидат познати сите детали.

Она што дознаваме е дека поранешниот македонски репрезентативен голман, Борко Ристовски ќе има нова улога во таборот на Вардар 1961. Неофицијално, Борко ќе биде извршен директор на клубот, засега нема најава за негово официјално повлекување од терените.

Ристовски се врати во Вардар 1961 со цел да му помогне на тимот во враќање на стариот сјај и пребродување на тешките денови, пред се финансиски, поради кои ЕХФ не им дозволи на „црвено-црните“ да играат во Лигата на шампиони минатата сезона.

Покрај Борко, нова промена ќе има и кај капитенот. Стојанче Стоилов почесто ќе го гледаме покрај клупата, неговиот план е да влезе во тренерски води и на овој начин да ја продолжи својата мисија во Вардар.

Најтрофејниот македонски колектив во Супер-лигата заврши на третото место, па за пласман во групната фаза во Европската лига ќе мора да игра квалификации.

Каков Вардар ќе гледаме во новата сезона, останува да почекаме до среда, кога ќе бидат споделени официјални информации.

ПретходноБарселона се пофали со Гундоган (ВИДЕО)
СледноМиленкоски прозиваше: Одбојкарите ја почнуваат мисијата Евроволеј 2023