Ждрепката за новата 2023/24 сезона во ПМФЛ ќе се одржи на 21 јули!

637

Како што велат нашите информации, ждрепката за новата 2023/24 сезона во ПМФЛ, ќе се одржи в петок (21 јули) во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Во не би требало да бидат 12 клубови кои во следната сезона ќе играат во нашата елитна лига.

А тоа се екипите на Струга ТЛ, Шкупи, Шкендија, Работнички, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП, Тиквеш, Брера Струмица, Воска Спорт, Гостивар и Вардар.

Значи в петок ќе се знае кој со кого во 1.коло, но и распоредот за целата сезона која стартува на 5-6 август.

Исто така в петок ќе се одржи и ждрепката за новата сезона во Купот на Македонија.

ПретходноСтефан Ел Шарави во Рома до 2025 година
СледноТотенхем ја кажа сумата за Хери Кејн