Италија е нов европски шампион во фудбал за играчи до 19 години. Во големото финале на ЕП кое заврши синоќа, Италијанците ја совладаа Португалија со 1:0.
Стрелец на единствениот гол во 19. минута беше дефанзивецот на Фиорентина, Мајкл Кајоде. Репрезентациите на Португалија и Италија веќе се сретнаа во групната фаза на турнирот, а таму Португалците победија со резултат 5:1.
Италија го освои Европското првенство за играчи до 19 години по вторпат во историјата и за првпат од 2003 година. Интересно е што и во 2003 година во финалето славеа над Португалија (3:1).
Luis Hasa provided a great assist to the goal which helped Italy U19 to win EUROS! 🔥✨pic.twitter.com/kWDZsHJojG
— Max Statman (@emaxstatman) July 16, 2023