Младинскиот репрезентативец Николов потпиша за дански Сондерјиске

316

Данскиот второлигаш Сондерјиске на својата веб-страница и официјално го потврди потписот на нашиот младински репрезентативец, Иван Николов. Тој и официјално го облече дресот на еден од претендентите за влез во данската елита следната сезона.

21-годишниот Николов во Сондерјиске доаѓа од Брегалница Штип, каде што беше капитен. Николов потпишал договор со данскиот клуб до летото 2026 година.

Спортскиот директор на клубот, Есбен Хансен вели дека Николов има големи квалитети.

„Во Иван Николов добиваме вреден играч за врска со добро чувство за игра. Тој е редовен во младински репрезентации на Македонија, а кога е капитен на својата екипа со 21 година, тоа кажува нешто и за неговите квалитети и фудбалски и психички. Го поздравуваме доаѓањето на овој талентиран играч кој ќе придонесе за посилен среден ред“, вели спортскиот директор на Сондерјиске.

ПретходноТурција и Косово со златото на БП во одбојка на песок (У22) во Штип
СледноНекогашниот прв човек на Ферари влезе со капитал во Астон Мартин