Некогашниот прв човек на Ферари влезе со капитал во Астон Мартин

279

Поранешниот прв човек на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло стана инвеститор во Ф1 тимот на Астон Мартин. Според последните информации, Ди Монтеѕемоло долго време го познава сопственикот на Астон Мартин, Лоренс Строл, од деновите кога Томи Хилфигер, во кој Строл инвестираше многу од своето време, беше спонзор на Ферари.

Ди Монтеѕемоло, наводно, е уверен во идниот раст на компанијата и нејзините перспективи, а во моментов, според последните цени на пазарот на хартии од вредност, Астон Мартин се проценува на нешто повеќе од 1 милијарда долари.

ПретходноМладинскиот репрезентативец Николов потпиша за дански Сондерјиске
СледноКалин со најдобар пласман на АТП листата, голем скок и за Ѓорческа