Килијан Мбапе денеска по годишните одмори треба да се врати на тренинзите со ПСЖ. Односите на релација клуб-фудбалер и натаму се затегнати, особено што младиот француски голгетер се уште не одговорил на барањето на клубот да го продолжи договорот за една година.
Мбапе априори останува на идејата да го одработи актуелниот договор и да замине како слободен играч следниот јуни 2024 година. Утре преговорите меѓу двете страни би можеле да се интензивираат во потрага по дефинитивно решение. Несомнено ПСЖ сака да го забрза решавањето на случајот, затоа што на 22 јули тимот ќе замине на турнеја во Јапонија и останува да се види одлуката на клубот дали Мбапе ќе патува со нов. Француските медиуми велат дека килијан ќе биде со тимот во Јапонија, затоа што крајниот рок што клубот го постави за тој да го продолжи договорот е 31 јули.