Вардар денеска на Златибор, ја одигра првата своја пријателска средба во рамките на подготовките во познатиот српски спортско – туристички центар. И тоа против второлигаша Металац од Горњи Металац. Резултатот по истекот на 90.минути беше 1:1.
Треба веднаш да се каже дека нашиот најтрофеен клуб поведе во 38.минута со голот на Николовски, имаше водство се до 85.минута кога тимот на Металац израмни на 1:1 со што го постави конечниот резултат на оваа средба.
Инаку покрај денешниот меч со Металац, Вардар на подготовките во Србија го очекуваат уште неколку пријателски меча.