Вчера во Штип заврши Балканското превенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Во финалето во машка конкуренција, турската двојка Батухан Курт и Сачит Курт славеа над двојката од Косово составена од Ерион Бајрами и Ермал Малиќи со 2:0 (21:14 и 21:11).
Претходно во битката за златото кај дамите, косовската двојка Јилка Јашари и мелироа Авдулаху успеаја во еден неизвесен меч да ги совладаат Турчинките
Ечем Аксој и Есра Демиркан со 2:1 (21:19, 18:21 и 15:4).
На турнирот на спортско-рекреативниот центар Џексон настапија и четири екипи од Македонија, но не успеаја да влезат во елиминациските натпревари.