Интер Мајами во преговори со Луис Суарез

293

Раководството на Интер Мајами е многу близу до доведување на уште една ѕвезда во својот тим. Според новинарот Гастон Едула, некогашниот соиграч на Меси од Барселона, Уругваецот Луис Суарез е пред договор со Интер Мајами.

Според изворот, извесно време страните преговараат за можна соработка. Интер Мајами е уверен дека Суарез во блиска иднина ќе стане нивен фудбалер.

Договорот на 36-годишниот Уругваец со Гремио е со важност до 2024 година.

ПретходноНов клуб за нашата репрезентативка: Ѓоргиевска се сели во Турција
СледноПукна тиквата: Клебер се откажа од Мундобаскетот поради изјавите на Шрудер!