Крај на тригодишната агонија: Рајан Гигс е ослободен од обвинението за напад на поранешна девојка

93

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, нема да оди на повторно судење поради обвинението за напад на неговата поранешна девојка, објавија денеска британските медиуми.

Обвинителството го повлече обвинението. Тој прогласен за невин по сите три точки од обвинението против Кејт и Ема Гревил.

Гигс е обвинет за напад на тогашната девојка Кејт и нанесување на телесна повреда во неговиот дом на 1 ноември 2020 година. Тој е обвинет и за напад на нејзината помлада сестра Ема за време на истиот инцидент.

Покрај тоа е обвинет за „контролирано и присилно однесување“ против неговата поранешна девојка помеѓу август 2017 и ноември 2020 година.

Поранешниот селектор на Велс денеска не беше на суд.

„Тој сега има намера да ги обнови животот и кариерата како невин човек“, изјави адвокатот на Гигс.

Тој целата своја професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, за кој одигра 963 натпревари, постигна 168 гола и освои бројни трофеи, вклучувајќи 13 титули во Премиер лигата и две Лига на шампиони.

За репрезентацијата на Велс одигра 64 натпревари и постигна 12 гола.

ПретходноМбапе седнува на разговор лице в лице со претседателот на ПСЖ
СледноТенисерот кој неодамна направи сензација на Вимблдон доби суспензија од 18 месеци