ПОТВРДЕНО: Рашфорд во Манчестер Ј. до 2028 година

132

Она што вчера беше најавено, денеска и официјално е потврдено. Маркус Рашфорд потпиша нов договор со Манчестер Ј. со кој ќе го продолжи престојот на „Олд Трафорд“ до 30 јуни 2028 година.

Детето на „ѓаволите“ одигра 359 настапи и постигна 123 гола за клубот од своето деби во 2016 година. Тој ја заврши фантастичната сезона 2022/23, во која постигна 30 гола, освојувајќи ги наградите за играч на годината и за играч на годината на Сер Мет Базби.

„Веќе имав неверојатни искуства во овој неверојатен клуб, но има уште многу да се постигне и останувам немилосрдно решен да освојам повеќе трофеи во годините што следат. Како навивач на Јунајтед цел мој живот, ја знам одговорноста што произлегува од претставувањето на овој грб и ги чувствувам врвовите и падовите како и сите други. Можам да ве уверам дека ќе дадам се за да му помогнам на тимот да го достигне нивото на кое сме способни, а истата решителност ја чувствувам и во соблекувалната“, изјави Рашфорд по потпишувањето на новиот договор.

ПретходноУтре ждрепка за ЛШ: Струмица од четвртиот шешир ги чека противниците во групата
СледноСилекс во пријателски меч ја победи Стеауа Букурешт!