Реал Мадрид подготвил 400 милиони евра за Мбапе, се чека 1 август!

2037

И натаму во центарот на фудбалската јавност е дали Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ или ќе го направи трансферот на деценијата и ќе потпише за Реал Мадрид. Сите три страни калкулираат, но најмногу му се брза на ПСЖ. Имено ако сега не го продаде, тогаш следниот јуни Мбапе како слободен играч ќе може да си оди каде сака.

Реал Мадрид, односно газда Флорентино Перез е мирен, не сака ни евро да му плати повеќе од тоа што треба и може на Насер Ал – Келаифи, неговиот “смртен непријател“.

Сепак, како што денеска пишуваат медиумите во Шпанија, Пеерез веќе подготвил 400 милиони евра за Мбапе. Најмалку 250 милиони ќе одат како отштета, а останатите за платата на мега – ѕвездата.

Се чека само 1 август, имено тогаш треба ПСЖ да му плати 40 милиони евра бонус на Мбапе, дел од бонусот кој изнезува 80 милиони, а половината треба да се исплати пред 1 август.

Можеби затоа е ова игра, Мбапе ќе чека уште две недели како би „лапнал“ уште 40 милиончиња.

ПретходноПоради Меси сите клубови во МЛС лигата ќе мора да играат на природна трева
СледноПроблем за Покетино: Фофана ги скинал вкрстените лигаменти