Кристијано Роналдо изјави дека нема шанси повторно да заигра клупски фудбал во Европа, дека тој е причината за доаѓањето на многу светски ѕвезди во Саудиска Арабија и дека тамошната лига е подобра од МЛС, во која неодамна се приклучи Лионел Меси.
Роналдо потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср во декември 2022 година. Се пишуваше дека сака да остане во Европа по заминувањето од Манчестер Јунајтед и да игра во Лигата на шампионите, но дека немаше клуб може да ги исполни неговите услови.
Ал-Наср во понеделникот одигра пријателски натпревар со Селта Виго и загуби со 5:0, а Роналдо беше прилично отворен за разговор.
„Нема шанси да се вратам во европските клубови, имам 38 години. Европскиот фудбал изгуби многу квалитет. Премиер-лигата е единствена лига кија се уште е добра, таа е многу пред другите“, изјави капитенот на португалската репрезентација.
Тој направи споредба меѓу шампионатот во С.Арабија и МЛС каде ќе игра Меси.
Саудиската лига е подобра. Сите играчи доаѓаат овде, а следната година ќе ги има уште повеќе, а таа лига ќе биде подобра од турската и холандската лига.
Ме критикуваа кога дојдов во саудиското првенство, но што се случува сега? Ја отворив вратата и сега сите играчи доаѓаат овде. Мојата одлука да дојдам беше клучна за нивното доаѓање. Тоа е факт, тоа е 100 проценти точно. Кога дојдов во Јувентус, Серија А беше мртва. Ја оживеав. Каде и да оди Кристијано предизвикува голем интерес“, додаде тој.