Севиља се врти кон Давид Де Геа

129

Иако во своите редови го има одличниот Боно, сепак, тимот на Севиља како што јавуваат медиумите во Шпанија сериозно размислува да го доведе во своите редови, Дави Де Геа.

Сега веќе екс голманот на Манчестер Јунајтед има 32. години и е без договор откако му заврши соработката со тимот од Олд Трафорд.

За Де Геа се заинтересирани и клубови од Саудиска Арабија, но засега тој преферира да остане во Европа. Пред извесно време тој беше поврзуван и со Пари Сен Жермен.

Шпанецот помина 12 години на „Олд Трафорд“ откако дојде во клубот од Атлетико Мадрид во 2011 година. За „црвените ѓаволи“ забележа 545 меча, а освои една титула во Премиер лигата, една Лига Европа, два Лига Купа, еден ФА Куп како и три ФА Суперкупа.

ПретходноЕнис Барди го посети светото место Мека во Саудиска Арабија
СледноЉафтов: Нема веќе штедење, одиме силно до Европско