Стартни состави: Струга ТЛ почнува со Ибраими, Радески, Мазрекај во нападот!

240

На нешто помалку од час и половина пред почетокот на реванш средбата од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Струга ТЛ и Жалгирис, познати се и стартните состави.

Тренерот на нашиот тим Шпетим Дуро се одлучи овој меч да го започне со следните едианаесет:

Струга ТЛ: Ќосевски, Незири, Радиќ, Кривањева, Малиќи, Бојку, Шабани, Згуро, Радески, Ибраими, Мазрекај.

Ова се истите единаесетмина кои го стартуваа мечот и во Вилнус.

Додека неговиот колега Владимир Чебурин ги одбра овие играчи за стартери:

Жалгирис: Гертмонас, Павелиќ, Хнид, Вукур, Бопесу, Горобцов, Карашима, Кендиш, Голубицкас, Антал, Ојевуси.

Да кажеме дека мечот се игра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток од 17 часот. Главен судија ќе биде Дарен Ингланд од Англија. На првиот меч во Вилнус минтата недела резултатот беше 0:0.

ПретходноТенисерот кој неодамна направи сензација на Вимблдон доби суспензија од 18 месеци
СледноОфицијално: Кампацо се врати во Реал Мадрид! (ВИДЕО)