Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер го коментираше финалниот натпревар на Вимблдон, кој го доби Карлос Алкараз.
Тој смета дека поразот е голем удар за Србинот.
„Мислам дека имаме нов крал, кој го собори стариот во многу возбудливо финале. По првиот сет мислев дека Новак ќе победи, но Карлос во вториот сет продолжи со својата игра“, изјави Бекер за Sky Sport Italia.
Тој додаде дека се очекувало Ѓоковиќ да го земе трофејот на Вимблдон, па токму затоа шокот е уште поголем.
„Ова е голем удар за Ѓоковиќ, тој сигурно не очекуваше да загуби. За него беше изненадување можеби тоа што победи во Париз, како сега кога загуби во Лондон“.
Германецот се осврна и на она што го чека Ѓоковиќ во иднина.
„Сега ќе мора да разговара со семејството и тимот. Ќе видиме што ќе се случи, тој има 36 години, но сепак е фит. Поентата не е во годините, туку во мотивацијата и што најмногу освоил. По Мастерсот што следува, целото внимание потоа ќе биде насочено кон УС Опен, каде што нè очекува кулминацијата. Алкараз ќе биде фаворит“, изјави Бекер.
На АТП листата моменталната разлика меѓу Алкараз и Ѓоковиќ е 880 поени, а Шпанецот го брани трофејот на претстојниот УС Опен.