Ван дер Сар со порака од болничкиот кревет: Добро сум, не сум повеќе на интензивна нега!

252

Легендата на холандскиот фудбал, Едвин Ван Дер Сар денеска се огласи на социјалните мрежи по здраствените проблеми кои му се случија за време на летувањето во Хрватска. Легендарниот голман доби крварење во мозокот на 8 јули и итно беше хоспитализиран во Сплит, па потоа префрлен во Холандија.

„Најпрво сакам да им се заблагодарим на сите за сите одлични и поддржувачки пораки. Среќен сум што можам да споделам со вас дека повеќе не сум на одделението за интензивна нега. Сепак, сè уште сум во болница. Се надевам дека ќе си одам дома следната недела и ќе го направам следниот чекор во моето закрепнување!“, напиша Ван дер Сар во пораката од болничкиот кревет каде е во друштво на својата сопруга.

ПретходноБаерн нема милост ни на пријателска: Баварците тргнаа со победа од 27:0! (ВИДЕО)
СледноПоради Меси сите клубови во МЛС лигата ќе мора да играат на природна трева