Вардар 1961 го доби најтешкиот противник за место во групите во ЕЛ

647

По пауза од една година Вардар 1961 се враќа на европската сцена. За разлика од годините наназад, „црвно-црните“ ќе играат во Европската лига, но за да се најдат во групната фаза ќе мора да го поминат едно квалификациско коло.

Македонскиот тим за противник го доби составот на Рајн Некар. Ждрепката не го посака Вардар 1961, бидејќи од сите имиња ова беше најмалку посакуваниот клуб.

Првите натпревари се играат на 26/27 август, реванш натпреварите една недела подоцна.

Во групната фаза во ова натпреварување директно место обезбеди Алкалоид како вицепрвак. Кирил Лазаров и неговите момци противниците ќе ги дознаат веќе во петок. Доколку Вардар 1961 го победи Рајн Некар нема да игра во иста група со Алкалоид.

ПретходноРатајоски ново име во Прилеп
СледноОфицијално: Воска се засили со екс фудбалер на “пандевци“, Усман Маронг!