КК Гостивар вечерва го потврди и седмото ново засилување ова лето. Клубот кој е еден од најквалитетните во домашното првенство во изминативе сезони, прави сериозен ростер и за следната сезона. Денеска гостиварци го потврдија Монтре Гипсон, уште еден Американец кој доаѓа како големо засилување на плејмејкерската позоција.
Гипсон во составот на Гостивар доаѓа од НЦАА тимот на Шарлот каде бил дел од првата петорка. Пред два дена за Гостивар потпиша и Ерик Пауел, кој настапувал во НЦАА2 лига.