Дуро: Жал ми е што се случи ова, заслуживме да одиме понатаму

1158

Од сигурен пласман до елиминација во само десет минути, преминаа играчите стручниот штаб и навивачите на македонскиот шампион, Струга Трим Лум, откако постигнаа гол за 1:0 на денешниот реванш дуел од квалификациите за Лигата на Шампионите, а потоа не само што примија гол туку примија и втор, па литванскиот првак Жалгирис од Охрид си замина со триумф и пласман во следната фаза и двомечот со Галатасарај.

Десет минути го делеа Стружани од триумф и пласман во следната фаза, но за жал тоа не се случи. Ибраими погоди од пенал, а потоа Жалгирис со два гола го остави нашиот шампион со празни раце.

„Жал ми е за она што го одигравме, а сме елиминирани. Бевме на добро ниво во текот на целиот меч. Постигнавме гол на време, но во тие две три минути направивме грешка, затоа што во тој момент требаше да почнеме со измените, но се случи тоа што се случи“ – изјави кратко тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро.

ПретходноВладимир Чебурин: Игравме подобро во двата меча и заслуживме да одиме понатаму
СледноУтре ждрепка за ЛШ: Струмица од четвртиот шешир ги чека противниците во групата