Макдонскиот репрезентативец Енос Барди го искористи овој слободен простор летово, и го посети светото место за сите муслимани на светот, Мека, во Саудиска Арабија.
Ова место има посебно значење за сите оние кои се со муслиманска вероисповед, и секој од нив тежнее барем еднаш во животот да го посети ова место.
Барди е одличен играч, јавноста во Македонија тоа добро го знае, но е уште подобар човек, кој што очигледно парите и славата воопшто не го направиле поинаков од само едно момче кому верата и бог му се на прво место.