Зиелински ќе биде замената за СМС во Лацио

228

Италијанските медиуми утрово тврдат дека Пјотр Зиелински е фаворит на тимот на Лацио како замена за штотуку заминатиот Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Во моментов играчот на Наполи е во фокусот на тимот од Рим, кој реално има сериозна дупка во стартниот тим и истата треба да ја пополни. Милинковиќ Савиќ замина за Блискиот исток, а полјакот е идеална замена, барем така се смета на Олимпико.

Зиелински има 29. години и е под договор со Наполи само уште една година. Засега преговорите за негово продолжување се во мирување. Причината е што „Наполитанците“ му понудиле помала плата одколку досега, што не му се допаднало на играчот.

ПретходноПолувреме во Охрид: Шанси и за Струга ТЛ и Жалгирис, но нема голови!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Мин Јае е нов дефанзивец на германскиот шампион