Ѓорче Петров, Чаир и Куманово ги добија противниците во ЕХФ Еврокупот. Вкупно 64 екипи се најдоа во ждрепката.
Ѓорче Петров за противник ја доби екипата на Тиват од Црна Гора, додека Чаир ќе игра против Венло од Холандија, а Куманово за противник ја доби екипата на Херцегонбусе од Швајцарија.
Првите натпревари ќе се играат на 23/24 септември. Реванш натпреварите една недела подоцна.