Марјан Радески има играно многу вакви европски мечеви, како што се овие квалификациски во Лигата на Шампионите, како што денеска неговата Струга ТЛ ја очекува против Жалгирис во реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ.
Има искуство, знае што треба, впрочем тој беше дел од онаа златна генерација на Шкендија, која играше во неколку наврати во плеј-офот ЛЕ.
Токму затоа интересно е да види неговото мислење, како тоа Струга ТЛ треба да одигра денеска од 17 часот против шампионот на Литванија, ако се знае дека во Вилнус беше 0:0.
Радески за “Спортмедиа“ изјави:
“Без разлика што во Вилнус на првиот меч резултатот беше 0:0, сметам дека Жалгирис е многу добра екипа. Има огромно искуство играјќи вакви натпревари. Ние мораме, од прв до последен, да дадеме 200 насто од својот потенцијал и да ги исполниме во целост задачите на стручниот штаб. Покажавме во Вилнус дека Струга ТЛ е одлична екипа, но и дека мора да се покаже максимумот ако сакаме да одиме во следната фаза во ова натпреварување, а сакаме секако“ заврши офанзивецот на нашиот шампион.