Мбапе седнува на разговор лице в лице со претседателот на ПСЖ

188

Сагата околу ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе изгледа ќе продолжи до крајот на летото. 24-годишниот напаѓач ги шокираше челниците на клубот кога повторно одби да потпише нов договор и тие му се заканија дека ќе го продадат. Одговорот на играчот беше дека сака да ги добие сите суми од договорот доколку биде продаден, што не може да се случи.

Мбапе вчера продолжи со тренинзите со тимот, но неговата иднина допрва ќе се решава. Се очекува тој да има разговор лице в лице со претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи во вторник во уште еден обид да се постигне разбирање меѓу нив што им одговара на сите инволвирани страни, тврди Sky Sports.

Ова ќе биде прв разговор меѓу нив по веста за одлуката на Мбапе да не потпише повторно. Досега двете страни разменија писма и обраќања преку медиумите. Сепак, сега тие се пред да седнат лице в лице, што може да ја промени ситуацијата.

Останува да се види каков ќе биде исходот од овој разговор, но тие треба да најдат решение бидејќи ситуацијата во моментов е лоша за двете страни.

ПретходноБекер: Ова е голем удар за Ѓоковиќ, имаме нов крал
СледноКрај на тригодишната агонија: Рајан Гигс е ослободен од обвинението за напад на поранешна девојка