Од еуфорија до солзи…. (ВИДЕО)

874

Штета. Струга ТЛ имаше се во своите раце или нозе во 76.минута кога Ибраими постигна гол од пенал за 1:0. Следуваа два гола за Жалгирис во во 78.и 83.минута преку Кендиш и автоголот на Радиќ и тоа беше тоа. Пораз на реваншот во Охрид во 1.квалификациско коло во ЛШ, од 1:2 и за елиминација. Ако се знае дека на првиот меч во Вилнус бепе 0:0.

Уште еднаш штета. Стружани имаа голема шанса да дојдат до големо изненадување и двомеч со Галасарај, но ете, не успеја.

Сега Струга ТЛ ќе продолжи во Европа со двомеч со Будуќност во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

А се можеше да биде поинаку, вака од еуфорија до солзи.

Нашиот шампион добро го започна мечот, тактички мудро, со агресивна игра во средниот ред што даде и доминација, барем до таа 30.минута. Првата закана ја испрати Ибраими уште во 4.минута, но немаше среќа да донесе водство. Гостите од Литванија вратија со закани на Ојевуси и Антал. Во 21.минута одново Ибраими на сцена, го лобуваше голманот Гертмонас, но го лобуваше и голот. Две минути подоцна Бесарт имаше шанса од слободен удар опасно да се закани, но сепак таа топка заврши во живиот ѕид на Жалгирис.

Во 33.минута и Радески се обиде да го изненади Гертмонас, но овој одлично одбрани. Од овие моменти па до крајот на полувремето, гостите имаа шанси, но Ќосевски спасуваше. Прво Ојевуси во 38.минута кога од само десет метри шутираше, за да Антал ја имаше најдобрата шанса на мечот во првиот дел, но Ќосевски одново беше фантастичен.

Па така по вкупно трите одиграни полувремиња од овој двомеч резултатот сеуште е 0:0.

ШТО ЛИ ПРОМАШИ ИБРАИМИ?!

Второто полувреме одново со шанса го отвори Ибраими, се местеше, но сепак не успеа да го ја затресе мрежата на тимот од Литванија.

Се играше 55.минута кога по една мешаница пред голот на гостите, топката дојде до Бесарт Ибраими на околу 10 метри нешто одлево, овој ја „лупна“ силно, но таа заврши за малку над голот. Што ли промаши Ибраими?! Ова мораше, ама мораше да биде гол. Штета.

Врати во 65.минута Ојевуси со супер шанса, Ќосевски веќе беше совладам, но Кривањеа спасува.

Уф, Струга ТЛ имаше многу, многу среќа.

Нема што, овој Ојевуси е опасен, многу опасен, и во 70.минута можеше да ја шокира Струга ТЛ, но за среќа не успеа во тоа.

ГООООЛ…БЕСАРТ ОД ПЕНАЛ ЗА ВОДСТВО, КЕНДИШ ИЗРАМНУВА

И конечно гол. Вукур го фаулираше Радески, а судијата Ингланд покажа на белата точка. Пеналот го потврди и ВАР. Бесарт Ибраими беше сигурен пеналџија за водство на Струга ТЛ од 1:0.

Но, радоста не траеше долго, по само две минути Кендиш по една невнимателност на одбраната на стружани успеа ја да “олади“ публиката во Охрид, за 1:1.

Штета, ова не смееше да се дозволи.

И пак Ибраими во 81.минута во шанса за ново водство, но сега гол нема.

Но затоа има гол во мрежата на Струга ТЛ, и тоа по автоголот на Радиќ откако шутираше Ојевуси во 83.минута, пресврт.

За елиминација на Струга ТЛ и за радост на Литванците.

Ова е првпат една екипа од Литванија да елиминира екипа од Македонија.

1.квалификациско коло во ЛШ (реванш)

СТРУГА ТЛ (МКД) – ЖАЛГИРИС (ЛИТ) 1:2 (0:0)

Стадион СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид. Гледачи: 1.500. Судија: Дарен Ингланд (Англија). Стрелци: Ибраими (п) 76. (СТР), Кендиш 78., Радиќ (авт) 83. (ЖАЛ). Ж.Картони: Кривањева, Касами (СТР).

СТРУГА ТЛ: Ќосевски, Незири, Кривањева (81. Кочоски), Радиќ, Малиќи (84. Касами), Бојку, Згуро, Шабани, Мазрекај, Радески, Ибраими (85. Јаровиќ).

ЖАЛГИРИС: Гертмонас, Хнид, Вукур, Бопесу, Павелиќ, Горобцов, Кендиш, Карашима (46.Буф), Голубицкас (87. Вербицкас), Антал (60. Фофана), Ојевуси.

 

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Мин Јае е нов дефанзивец на германскиот шампион
СледноСтружани посакуваа двомеч со Галатасарај, сега ќе играат со Будуќност во Лига Конференции!