Воска во овој летен преоден рок не знае за доста. Од денеска ново име во редовите на дебитантот во ПМФЛ е Усман Маронг (24), напаѓач од Гамбија инаку некогаше фудбалер на „пандевци“. Гамбиецот доаѓа во Охрид од сроски Радник, а пред да игра за А. Пандев или по ново Брера Струмица пред две години, беше дел и од Ц. Звезда.
Охридскиот клуб со Усман Маронг потпиша едногодишен договор, а тој веднаш им се приклучи на своите нови соиграчи и му стави на располагање на стратегот Миљан Радовиќ.