ОФИЦИЈАЛНО: Мин Јае е нов дефанзивец на германскиот шампион

177

Баерн (Минхен) и официјално го објави потписот на Ким Мин-Јае од Наполи.

26-годишниот Кореец веќе потпиша петгодишен договор со Баерн, а денеска бешепреставен и во јавноста.

Баварците на Наполи му ја платија откупната клаузула за Ким во висина од 50 милиони евра. Се очекува фудбалерот следната сезона да го носи дресот со број 3 во тимот на германскиот првак.

Во меѓувреме, Кореецот се прости од навивачите на Наполи со срдечна објава на социјалните мрежи.

„Благодарение на вас, Скудетото беше возможно 33 години по Марадона. До мојот клуб Наполи, г-динот Спалети, моите соиграчи и пред се на навивачите на Наполи, сакам да изразам голема благодарност“, напиша Кореецот.

ПретходноЗиелински ќе биде замената за СМС во Лацио
СледноОд еуфорија до солзи…. (ВИДЕО)