Она што се најавуваше неколку недели наназад, сега е и официјално. Василије Мициќ, репрезентативецот на Србија и довчерашниот бек на Анадолу Ефес, и официјално е нов член на Оклахома. Ова значи дека ќе има уште еден Србин во НБА.
Мициќ за три години,колку што му е договорот со Оклахома, ќе се заработи 23,5 милиони долари, што секако дека е далеку од она што го зема Никола Јокиќ, но секако дека е голема пара во однос на тоа што досега го заработуваше во Европа.