Евролига го објави распоредот на натпреварите за сезоната која што доаѓа. Уште во првото коло ќе биде доста интересно, а таму силите ќе ги одмерат грчките ривали, Панатинаикос и Олимпијакос. На ова дерби дополнителен жар ќе даде трансферот на Костас Слукас.
Новата сезона во Евролига стартува на 5. октомври, а истата ќе ја отворат Црвена Звезда и Асвел.
Партизан и Црвена Звезда ќе се сретнат во петтото коло, на 26 октомври.
Завршниот турнир ќе се одржи во Берлин.