Полувреме во Охрид: Шанси и за Струга ТЛ и Жалгирис, но нема голови!

116

Заврши првото полувреме на реванш средбата од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Струга ТЛ и Жалгирис, и тоа со резултат 0:0.

Добра игра под пеколно топлото време во Охрид на нашиот шампион, во поголем дел од првото полувреме донинација, имаше и неколку шанси. И тоа преку Ибраими во 4.минута, како и во 21.минута, имаше уште некоја закана од “бомбардерот“. Се закани и Радески во 33.минута. Гостите од Литванија доминираа во финишот, ја имаа најголемата шанса во 38.минута кога Ојевуси од 10 метри шутираше, но голманот Ќосевски одбрани. Претходно се заканија Антал и опасниот Ојевуси.

А во 45.минута Ќосевски брани сигурен гол, шутираше Антал.

Да споменеме дека на првиот меч во Вилнус резултатот беше 0:0, па така ако нема голови во второто полувреме ќе се играат продолженија, а којзнае можеби ќе има и пенали по охридскиот пекол.

ПретходноЛудило на Флорида: Сакаш да го гледаш Меси? Плати 100.000 долари!
СледноЗиелински ќе биде замената за СМС во Лацио