Проблем за Покетино: Фофана ги скинал вкрстените лигаменти

211

Лоша вест за новиот менаџер и навивачите на Челзи. Денеска стана јасно дека Весли Фофана има многу сериозна повреда на коленото која ќе го оддалечи од терените долг период.

Според потврдата од Маурисио Покетино, Фофана има скинати предни вкрстени лигаменти во коленото поради што и не отпатува со тимот во САД.

„Ова е навистина, навистина лоша вест. Сите сме тажни. Сè што можеме да направиме е да му помогнеме. Знаеме дека се работи за лоша повреда, но се надеваме дека ќе може да се врати во тимот што е можно поскоро. Мораме да продолжиме. Сезоната почнува за еден месец и не чека никого, па мораме да бидеме подготвени за настап“, вели Покетино.

ПретходноРеал Мадрид подготвил 400 милиони евра за Мбапе, се чека 1 август!
СледноНов клуб за нашата репрезентативка: Ѓоргиевска се сели во Турција