Струга ТЛ ќе го напаѓа Жалгирис, македонски клуб никогаш не бил елиминиран од литвански!

407

Прекрасно ќе биде во 2.квалификациска рунда во ЛШ, нашиот шампион да ги одмери силите со еден таков гигант како што е Галасарај. Но, за тоа да се оствари ќе треба Струга ТЛ да ја мине пречката наречена – Жалгирис. А таа пречка е силна, висока, но не е пречка која не може да се прескокне. Посебно по тоа што го видовме во Вилнус минатиот вторник, кога четата на стратегот Шпетим Дуро ги воодушеви сите наши фанови со својот настап. Со својата мудрост, тактика, квалитет.

Да, секако дека Жалгирис и натаму е фаворит, но сега се е поинаку. По тие 0:0 во Вилнус, попладнево од 17 часот на преполниот СРЦ “Билјанини Извори“ ќе се “пее“ некоја друга песна. Пеколно топлото време би требало да биде предност за Струга ТЛ, но останува да се види.

May be an image of ‎soccer, football and ‎text that says '‎MAT CHAMPIONS LEAGUE® 20 STRUGA ALGIRIS لا TRIM & LUM 1947 VILNIUS BILJANINI IZVORI OHRID 17:00 #FORCASTRUGA #WEARESTRUGA‎'‎‎

Струга ТЛ има шанса да си испише историја. Во својот четврти европски меч да дојде до првата победа, и со таа победа да му оди на нозе на Галата. Традицијата вели дека македонски клуб никогаш не бил елиминиран од литвански.Така беше во минатото, така ќе биде и со Шкупи против Хегелман, па нека биде така и со Струга ТЛ.

И да не се успее, нема да биде трагедија. Струга ТЛ во 2.квалификациско коло во ЛК за ривал следната недела ќе го има Будуќност, но оваа варијанта не ја разгледуваме. Посакуваме денеска триумф на шампионот, а потоа мега – пресметка против Галата и најмалку пласман во плеј-офот во ЛК.

Во слулчај денеска да се мине, Струга ТЛ како клуб ќе заработи од УЕФА најмалку 1,5 милиони евра, најмалку.Тука не ги сметаме парите од ТВ правата за двомечот со турскиот гигант, и парите од влезниците против Галата од  веројатно полната Арена во Скопје.

Но, за тоа потоа. Денеска Струга ТЛ е пред историски момент. Оваа шанса не смее така лесно да се испушти. Струга ТЛ ќе го нападне Жалгирис, треба веднаш да му се даде до знаење дека нашиот тим денеска се прашува. Секоја чест за литванскиот состав, но денеска знае што може да се добие, со триумф, како клуб, како играчи, како ранкинг за македонскиот фудбал.

Напред Струга ТЛ, те чека Галата…

ПретходноОфицијално: Воска се засили со екс фудбалер на “пандевци“, Усман Маронг!
СледноИвановски елиминиран на стартот од фјучрсот во Австрија