Тенисерот кој неодамна направи сензација на Вимблдон доби суспензија од 18 месеци

1502

Шведскиот тенисер Микаел Имер е казнет со 18-месечна суспензија откако Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја усвои жалбата на Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Имер беше обвинет во јануари 2022 година за избегнување на тестирање надвор од конкуренција три пати во период од 12 месеци. 24-годишниот шведски тенисер реши да се бори против ова обвинение и беше ослободен по сослушувањето пред независен трибунал во јуни 2022 година. Сепак, ИТФ се жалеше на таа одлука. ЦАС објави дека во ИТФ барале двегодишна забрана за настап на Швеѓанецот, кој на крајот доби суспензија од 18 месец.

„Со оглед на тоа што веќе еднаш сум ослободен од обвинението и дека сè уште од срце стојам на тврдењето дека не сум го сторил третото дело за кое се товарам, сметам дека е неправедно што решија повторно да ме судат и последователно да ме прогласат за виновен.

Тешко ми е да разберам дека суспензијата од 18 месеци е правична казна. Мислам дека не ги прекршив правилата и мојата совест е чиста, а Господ е мојот сведок“, напиша Имер.

ПретходноКрај на тригодишната агонија: Рајан Гигс е ослободен од обвинението за напад на поранешна девојка
СледноСтартни состави: Струга ТЛ почнува со Ибраими, Радески, Мазрекај во нападот!