Не го сакаат во Челзи, фановите на Јуве протестираат со цел да се спречи трансферот, а сега и фановите на Интер нејќат да го видат ако се знае дека Ромелу Лукаку интензивно преговара со Јуве и дека најверојатно таму ќе ја продолжи својата кариера.
Токму затоа тие му испратиле писмо полно со навреди, а некогаш беше нивни миленик:
“Предавник, најдобро е никогаш веќе да не се видиме. Ти не предаде, а ние секогаш те браневме кога ти беше најтешко. Ни заби нож во грб. Се продаде пари и тоа откако го бакнуваше грбот на нашиот клуб. Ти не се човек“ стои во писмото до Лукаку.