За помалку од 15 минути почнува мечот меѓу Струга ТЛ и Жалгирис. Во Охрид е топло, пекол, но сепак мора да се игра овој меч. Влезниците за мечот од вчера се распродадени, трибината на СРЦ “Билјанини извори“ ќе биде полна, стружани ќе имаат голема поддршка во битката за пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ.
Еве како изгледа пред влезовите на стадионот во Охрид, на фановите им се брза да влезат.