Ѓорѓиев: Не чека макотрпна работа пред првите пријателски средби

140

Одбојкарите вчера во Скопје ги започнаа подготовките за престојното Европско првенство. Капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓорѓиев, отворено зборува за тешкиот период на подготовки кои ги очекуваат овие 20-тина избраници на селекторот Миленкоски, но и предизвикот кој е голем, а тоа е Европско првенство на домашен терен.

„Се гледа дека сите се добро одморени. Имавме програма по која сите ние работевме  во овие четири недели од паузата, по оној меч со Украина. Со нетрпение очекуваме да почнеме со новата програма, пред нас сега е тешка и напорна работа. Познавајќи го методот на селекторот Јошко Миленкоски ќе бидат многу напорни овие подготовки. Но, се надевам дека ќе бидеме здрави и живи, ќе го издржиме машки овој период, па подоцна од 4 август кога ќе почнат пријателските средби да ја креваме формата во одбојкарска смисла“, вели капитенот на нашата репрезентација Никола Ѓорѓиев.

За првите размислувања околу Европското првенство кое не очекува, капитенот додава:

„Влезот во втората фаза е она за што работиме. Тоа би било круната на оваа генерација. Но, знаеме дека протисокот кои сами со го правевме на минатите првенства не го издржавме, па затоа сега треба да пристапиме многу позрело. Средбите од Златната лига најавија дека сме на вистински пат и дека ќе ги поправиме оние малку работи кои недостасуваа за да бидеме во посакувана форма на самото првенство“.

ПретходноВардар 1961 го дознава противникот во квалификациите за ЕЛ!
СледноМарјан Радески: Струга ТЛ сака и може да го победи Жалгирис!