Вардар 1961 го дознава противникот во квалификациите за ЕЛ!

677

По една година пауза, Вардар 1961 се враќа на европската сцена, но овој пат истата ќе биде поинаква. Откако „црвено-црните“ завршија на третото место во домашниот шампионат се најдоа во ситуација да играат едно квалификациски коло за плсман во групната фаза во Европската лига, каде директно место обезбеди Алкалоид.

Против кого ќе играат ракометарите на Вардар 1961 во единственото квалификациско коло ќе биде познато денеска. Ждрепката е закажана за 11 часот во Виена.

Само 10 клуба ќе играат квалификации. Поделени се во две групи, а Вардар е во послабата според ранкингот. Македонскиот претставник е во групата со екипите на Тримо Требње (Словенија), Акваш Санташ (Португалија), Констанца (Романија) и Хановер (Германија).

Противници на македонскиот тим можат да бидат Рајн Некар (Германија), АБЦ Брага (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Иштад (Шведска), Винтертур (Швајцарија).

Противникот во својата европска авантура ќе го доби и Тиквеш, кој ќе игра ЕХФ Европскиот Куп.

ПретходноБруно Фернандеш одбра меѓу Јунајтед и Саудиска Арабија!
СледноЃорѓиев: Не чека макотрпна работа пред првите пријателски средби