Како да не биде задоволен шампионот на Литванија, кога по речиси два меча беше 99% елиминиран од Македонскиот, Струга Трим Лум, а потоа со два брзи гола замина во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите, и двомечот со Галатасарај.
Тренерот на Жалгирис, Владимир Чебурин секако презадоволен од она што се случи денеска во Охрид, каде на „пеколните“ плус четириесет степени неговите избраници успеаа да се изборат за 1:2, иако на десетина минути до крајот губеа со 1:0.
„Вчера на пресот кажав кои се предностите и недостатоците на двата тима, а нашиот беше искуството, а тоа и го искористивме. Сакам да им заблагодарам на моите играчи за одличмата игра, за борбата, за пресвртот и се што направија за да стигнеме до овој триумф и пласманот во следната фаза. Промашивме многу шанси, работевме многу во средианта на теренот и на двата меча. Можам да кажам дека ние имавме повеќе од играта и денес, но и на првиот меч. Можам да кажам дека Струга е многу добар тим, се бореа силно и дека се покажаа во одлично светло. Сакам да им посакам среќа во иднина, во настапите пред се во Европа“ – изјави тренерот на Жалгирис Владимир Чебурин по мечот.