Поради Меси сите клубови во МЛС лигата ќе мора да играат на природна трева

418

Доаѓањето на Лионел Меси во редовите на Интер од Мајами може да доведе и до значителни промени во МЛС лигата.

Една од нив вели дека наместо да се игра на вештачка трева, во иднина сите клубови треба да обезбедат стадиони со природна трева. Комесарот на МЛС, Дон Гарбер, најави дека е можна промена со цел да и се излезе во пресрет на големата ѕвезда, која речиси целата своја кариера ја мина играјќи на природна трева. Во моментов во МЛС лигата има пет клуба кои имаат терени со вештачка трева. Тоа се Сиетл, Портланд, Атланта, Њу Ингланд и Шарлот. Четири клуба користат хибридна трева, додека Интер игра на природна трева.

„МЛС промовира многу меѓународни натпревари, можевме да ставиме природна трева на стадионите, но никогаш не го направивме тоа за регуларниот дел од сезоната. Моите очекувања се клубовите да го променат тоа“, изјавил Гарбер.

Се очекува Меси да дебитира за Интер против Круз Азул во петок.

ПретходноВан дер Сар со порака од болничкиот кревет: Добро сум, не сум повеќе на интензивна нега!
СледноРеал Мадрид подготвил 400 милиони евра за Мбапе, се чека 1 август!