Борко Ристовски: Првична цел е стабилизација на Вардар 1961!

230

Борко Ристовски ќе ја има улогата на извршен директор во Вардар 1961. Оваа информација од денеска е официјална, а поранешниот репрезентативец ќе го работи она за што се залагаше изминатите години, враќање на двократниот освојувач на европската круна на старите патеки.

„Благодарност до Михајло за дадената доверба и за сето она што го има направено за клубот. Вардар е најдобриот македонски клуб, што носи тежина и одговорност. Чест ми е што ќе бидам дел од тимот кој ќе се обиде да го врати Вардар онаму каде што припаѓа.

Ќе се обидам да му помогнам на Вардар, ќе ги искористам сите контакти кои ги имам. Ќе биде голем чекор за мене, но подготвен сум да го пренесам она што го знам,

Стабилизација на клубот е главна цел, како на финансиски, така и на играчки кадар. До овој период имаме потпишано шест играчи, оставаме простор доколку се појави интерес играч на пазарот“, изјави на прес-конференцијата Борко Ристовски. 

Ристовски најави дека Академијата ќе работи под полна пареа, ќе се стави акцент на развивање на млади ракометари кои би прераснале во лидери на Вардар 1961.

ПретходноБарселона се пофали со Ромеу и му стави клаузула од 400 милиони евра
СледноСтоилов: Вардар е срцето на Скопје, сакаме да го вратиме онаму каде што припаѓа!