Вчера Струга ТЛ беше елиминирана од квалификациите во ЛШ, и ќе продолжи да настапува во ЛК, каде ќе ги одмери силите со Будуќност во 2.квалификациско коло во оа натпреварување. А утре Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП ќе ги играат своите реванши за пласман во 2.квалификациска рунда во Лигата на Конференции.
Шкендија има 1:0 пред реваншот во Велс каде му гостува на Хаверфордвест (20:45 часот), и во случај на минување тогаш во следната рунда за ривал ќе го има подобриот од двомечот меѓу Б36 Торшавн од Ф. Острови и Паиде од Естонија.
Шкупи е веќе во следната рунда по оние 5:0 во Каунас кај Хегелман, а во 2.коло го чека двомеч со Левски Софија. Реваншот со Литванците се игра во Скопје на Арената утре од 21 часот.
Македонија ЃП по поразот дома од РФС, утре во Летонија ќе брка сензација, и во случај да успее тогаш во следната фаза ќе се сретне со Сабах од Азербејџан.
Инаку во понеделник (24 јули), во Нион ќе се одржи ждрепката за 3.квалификациско коло, па така нашите екипи, која и да помине утре, ќе го дознаат својот можен ривал во третата квалификациска рунда.
Мечевите од 3.квалификациска рунда се закажани за 10 и 17 август, а претходно, оние од 2.квалификациско кло се играат на 27 јули и 3 август.
На крај да споменеме дека Струга ТЛ е во „шампионскииот пат“ и за ривал во третата квалификациска рунда во ЛК, ќе добие само екипа која веќе е елиминирана од квалификациите во ЛШ.